| четврток, 6 декември 2018 |

2 дена, 5 часа и конечно – финале за Ѓоковиќ

По речиси две години пауза, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во финале на гренд слем турнир. Ѓоковиќ за својата четврта титула на Вимблдон утре ќе се соочи со Кевин Андерсон.

До финале стигна после епската борба во полуфиналето со Рафаел Надал, која траеше два дена и резултат 6:4, 3:6, 7:6, 3:6, 10:8.

Откако вчера се одолжи првото полуфинале помеѓу Андерсон и Изнер, Ѓоковиќ и Надал стигнаа да одиграат само три сета, пред нивниот меч да биде прекинат во 23 часот по локално време. Второто полуфинале, на крајот, траеше повеќе од пет часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top