| четврток, 6 декември 2018 |

Невидена сцена на Вимблдон: Ѓоковиќ сакаше да го гаѓа главниот судија со топче (видео)

Новак Ѓоковиќ прв успеа да го завери билетот за полуфиналето на Вимблдон, а без разлика на тоа што играта на Србинот делуваше импресивна во послдните два сета, сепак поранешниот светски рекет број еден имаше доста нервозни моменти и караници со главниот судија.

Судијата Карлос Рамос го опомена Ѓоковиќ за бесот кој го искажуваше во вториот сет кога не искористи неколку брејк топки, а нивната „војна“ продолжи до самиот крај на мечот кога Србинот при резултат 5:2 напави гестикулација како да ќе го гаѓа судијата со топчето кое го имаше во рака.

Ноле за негова среќа не го направи тоа, бидејќи во спротивно, сигурно ќе заработеше дисквалификација во ситуација кога имаше добиен меч и пласман во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top