| четврток, 6 декември 2018 |

Водителката Милена ситно брои до породувањето: Ќе ми недостасува телевизијата

Милена Антовска ситно брои до породувањето. Атрактивната водителка која во моментов се одмара и сонча на грчките плажи во друштво на сопругот Гордан со кого стапи во брак пред неколку месеци вели дека едвај чека да стане мајка и е пресреќна што ќе роди ќерка.

– Носам девојче и веќе ситно бројам до породувањето. Благодарение на моите гени не се здебелив многу, се хранам исто како и претходно и се трудам да внесувам многу овошје и зеленчук во организот. Имам голема поддршка од сопругот и тој е тука за се што ми треба, откри Милена која извесен период нема да ја гледаме на тв – екраните.

– Познавајќи се себе си знам дека ќе сакам што побрзо да се вратам на работа, но мајчинството во моментов ми е приоритет. Ќе ми недостасува телевизијата, додаде Милена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top