| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ без проблеми го скрши отпорот на Манарино и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми славеше на својот осминафинален дуел против Адриан Манарино со 3-0 во сетови, пласирајќи се во четвртфиналето од Вимблдон. Дуелот на српскиот тенисер требаше да се игра вчера, но беше одложен поради маратонскиот дуел меѓу Надал и Милер што претходеше на теренот број 1.

Сепак, дополнителниот одмор беше добредојден за Ѓоковиќ, кој доминираше од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да му биде доведена во прашање. Тој го доби првиот сет со 6-2, а потоа имаше предност од брејк и во вториот сет, но сепак со краток пад на концентрацијата му овозможи на противникот да стигне до тајбрејк. Манарино имаше и водство од 2-4, но Ѓоковиќ возврати и славеше со 7-5, за потоа да направи брејк и во раната фаза од третиот сет, за конечна победа од 6-4.

Следен противник на српскиот тенисер во утрешното четвртфинале ќе биде Томаш Бердих, а во останатите четвртфинални дуели ќе се сретнат Федерер – Раониќ, Мареј – Квери и Чилиќ – Милер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top