| четврток, 6 декември 2018 |

Пехрсон предупредува: Ако Вардар игра во Шведска ќе биде меѓу најдобрите пет екипи

Менаџерот на Малме, Магнус Пехрсон даде интересен опис на македонскиот шампион пред утрешната прва пресметка од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Пехрсон смета дека нема да биде лесно да се победи Вардар на „Сведбанк арената“ во Малме, и покрај тоа што тие секако атакуваат безрезервно на триумф…

– Ќе има еден вид засилена тензија пред овие европски натпревари затоа што и Вардар сигурно сака пласман во следното квалификациско коло. Не знам дали ќе играме исто како и во првенството, затоа што ова се различни натпревари. Но, секако ќе бидеме силно мотивирани за триумф – вели Пехрсон, притоа потенцирајќи:

– Вардар е најдобриот клуб од Македонија кој има навистина одлични поединци. Ако треба да кажам за квалитетот на тој тим, еве би рекол дека ако игра во шампионатот на Шведска тогаш сигурно би бил во најдобрите пет екипи. Тоа се кажува. Значи ќе биде навистина тешко да се победи една таква екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top