Судиска тројка од Исланд ќе ја дели правдата на првиот натпревар од двомечот на македонскиот фудбалски шампион Вардар и шведскиот првак Малме. На центарот на „Сведбанк арена“ ќе застане Торвалдур Арнасон, а нему ќе му помагаат Јохан Гудмундсон и Гулфи Мар Сигурдсон. Мечот е за кажан за в среда од 19.00 часот.
За разлика од Вардар, нашите претставници во Лига Европа, Шкендија и Работнички своите први натпревари ќе ги одиграа на домашен терен, в четврток со почеток од 18.00 часот.
На комплексот на ФФМ, екипата на Работнички ќе го пречека Динамо Минкс, а УЕФА за овој меч делегира судии од Северна Ирска. Главен судија ќе биде Арнолд Хантер, а ќе му асистираат Ричард Стоури и Дејвид Андерсон.
На „Младост“ во Струмица, каде Шкендија ќе се соочи со Хелсинки, делители на правдата ќе бидат Австријците – Маркус Хаметер (главен судија) и линиските Кристијан Риглер и Роланд Ридел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.