| четврток, 6 декември 2018 |

Откако го изиграа за Лукаку, Конте не сака да чуе за продажба на Матиќ во Јунајтед

Антонио Конте е бесен на управата на Челси што не успеа да му ја исполни големата желба и да го доведе Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“. Италијанецот се чувствува изигран од страна на Жозе Мурињо, кој цело време тврдеше дека е пред ангажман на Алваро Мората, за пред носот да му го „украде“ Лукаку, па токму затоа Конте ги прекинува останатите преговори со Манчестер јунајтед.

Поточно, преговорите за Немања Матиќ, кој се наоѓаше многу близу до преселба на „Олд трафорд“, и тоа на инсистирање на Жозе Мурињо. Србинот е свесен дека нема да биде стандарден првотимец по доаѓањето на Бакајоко и инсистира да му биде дозволено да си замине, а Конте веќе даде зелено светло.

Сепак, ситуацијата се промени по трансферот на Лукаку, па сега италијанскиот стратег не сака ни да чуе за продажба на свој играч на Манчестер јунајтед. На Матиќ не му преостанува ништо друго освен да ги разгледа останатите опции (Јувентус и Интер). Што се однесува до Јунајтед, Мурињо веднаш го насочил вниманието кон Ерик Дајер од Тотенхем, проценет од лондонскиот клуб на 50 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top