| четврток, 6 декември 2018 |

Италија сака Конте да се врати на селекторското столче

Италијанската фудбалска федерација посакува Антонио Конте повторно да биде селектор на репрезентација по дебаклот во квалификациите за Светското првенство. Најверојатно ова е последната сезона на Антонио Конте на клупата на Челси, но стратегот не треба да се грижи за нова работа бидејќи понуди на негова адреса веќе стигнуваат.

Тој е најпосакуваниот избор за нов селектор на Италија и доколку рече „да“ сигурно ќе ја добие функцијата.

– Од сите потенцијални кандидати, Конте за мене е најдобро решение. Се уште не сме избрале селектор, но мислам дека тој би бил вистинскиот избор, изјави потпретседателот на федерацијата, Костакурта.

Покрај Конте кадидати се и Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top