| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го продолжил својот договор со клубот до 202 година, потврдија од раководството на „црвените ѓаволи“.

Со новиот договор, Жозе Мурињо ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2020-та година, а потпретседателот на клубот, Ед Вудвард ја соопшти оваа информација за официјалната интернет страница на клубот.

– Пресреќен сум што Жозе се согласи да потпише нов договор и тој во клубот ќе остане до 2020-та година. Неговиот пристап и професионализам се неверојатни. Тој му даде дополнителна енергија на клубот и уверен сум дека во иднина екипата со него на чело ќе оствари големи резултати, изјави Вудвард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top