Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро на големо изненадување на тениската јавност е елиминиран уште во второто коло на третиот грен слем турнир сезонава, Вимблдон.
Поранешниот шампион на САД Опен, во второто коло на турнирот е елиминиран од Летонецот Ернес Гулбис, кој моментално е на 589. место на АТП ранг-листата. Во првите два сета на Гулбис му беше потребен еден брејк (6:4, 6:4), додека во третиот сет победникот беше решен по тајбрејк (7:6). Следен противник на Гулбис ќе биде поранешниот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ.
Најуспешниот тенисер во историјата Швајцарецот Роже Федерер, уште еднаш демонстрираше моќ и за нешто повеќе од час и половина успеа да се пласира во третото.
Швајцарскиот ас за свој противник го имаше српскиот тенисер, Душан Лајовиќ, кој беше подобар противник само во воведните два гема. Федерер го доби мечот со 7:6, 6:3, 6:1. Противник на Федерер во третото коло ќе биде Миша Зверев, кој од турнирот го елиминираше Михаел Кукушкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Она што ми го шепна нема да му го заборавам: Ѓоковиќ го утеши расплаканиот Дел Потро (ВИДЕО)
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Невидена сцена на Вимблдон: Ѓоковиќ сакаше да го гаѓа главниот судија со топче (видео)