Киднаперите на дедото на Јелена Ѓоковиќ на семејството му испратиле застрашувачка СМС порака, во која се заканиле дека се подготвени да го убијат доколку не им исплатат два милиона евра.
Дедото на Јелена, Милосав Радисављевиќ (80) се уште е во шок, а полицијата интензивно трага по киднаперите. Семејството Ѓоковиќ сега го чуваат специјалци.
Грабнувањето на Милосав се случи пред два дена, кога двајца маскирани разбојници со чорапи на главата упаднале во куќата на Милосав, му го одзеле мобилниот телефон, полн со фотографии од семејството на Новак и 26.000 динари, па го одвлекле 500 метри од куќата и го врзале со лисици за столб.
Несреќниот човек, кој скоро пет часа поминал половина во вода, го пронашол сосед кој тргнал во бавча. Сликата која ја затекнал била морничава. На веќе изнемоштениот старец за далекуводот му биле врзани рацете и трупот, додека нозете некакао успел да ги ослободи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.