| четврток, 6 декември 2018 |

Јакуб од Полска е Јакуб од Берово

Ја­куб Муњ­ко е танчaр во „Скоп­је тан­цов те­а­тар“, сво­е­то обра­зо­ва­ние го за­вр­шил во Скоп­је тан­цо­ва ака­де­ми­ја. Пет го­ди­ни ве­ќе жи­вее и ра­бо­ти ов­де. За ма­ке­дон­ски­от на­род ве­ли де­ка е најс­пон­та­ни­от на­род што не­ко­гаш го има срет­на­то. Ги са­ка ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, хра­на, а за Охрид ве­ли де­ка е единс­тве­ни­от град во кој имал мож­ност да ви­ди ка­ко пла­ни­на­та и езе­ро­то се пре­гр­ну­ва­ат. Збо­ру­ва ма­ке­дон­ски ја­зик, а за „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва де­ка не­го­ви­те ид­ни пла­но­ви се да оста­не да жи­вее ов­де би­деј­ќи, ка­ко што ве­ли, ов­де ве­ќе има свој дом

jjj

 

Ко­га прв­пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Прв­пат во Ма­ке­до­ни­ја дој­дов во фе­вру­а­ри 2012 го­ди­на. Тан­цот бе­ше при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја дој­дов во оваа зем­ја. Од ма­ле­чок тан­цу­вам, иа­ко пр­во поч­нав да сту­ди­рам не­што што во­оп­што не е по­вр­за­но со тан­цот, се­пак ко­га не­што са­каш тол­ку мно­гу, на крај ја ос­тва­ру­ваш и сво­ја­та цел.
Поч­нав да сту­ди­рам бу­гар­ска фи­ло­ло­ги­ја и пре­ку сту­дент­ска раз­ме­на оти­дов во Плов­див, та­му, пак, се срет­нав со тан­цот, поч­нав да играм. Ко­га се вра­тив во Пол­ска, всуш­ност пре­ку сплет на окол­но­сти де­ка­нот од мо­јот фа­кул­тет доз­на де­ка сум тан­чар, па пре­ку кон­та­кти со ЕСРА ов­де се слу­чи да дој­дам и да про­дол­жам со мо­ја­та пр­ва љу­бов , тан­цот и, се­ка­ко, да го ра­бо­там и учам тоа што го са­кам. Пла­ни­ра­ни­те не­кол­ку ме­се­ци, се­га се ве­ќе пет го­ди­ни жи­вот ов­де.

jjjjj

До­а­ѓа­те од зем­ја со по­и­на­ква тра­ди­ци­ја и кул­ту­ра од Ма­ке­до­ни­ја, бе­ше ли те­шко да се на­вик­не­те на на­чи­нот на жи­вот ов­де?

Ов­де не е те­шко да се на­вик­неш на нов на­чин на жи­вот. Ме­не единс­тве­но не­што што и де­нес ми е те­шко да го при­фа­там е тоа што ов­де лу­ѓе­то пра­ват сѐ пет до 12. Кај нас точ­но­ста е мно­гу важ­на. Ние пра­ви­ме план ка­ко ќе се од­ви­ва еден цел ден. До­де­ка ту­ка сѐ се пра­ви спон­та­но. Јас сум на­вик­нат се­ко­гаш се­ка­де да стиг­ну­вам на­вре­ме. Иа­ко не е тоа не­што мно­гу, се­пак сме­та де­ка ако се по­чи­ту­ва не­чие вре­ме, ра­бо­ти­те ќе се од­ви­ва­ат по­ре­ла­кси­ра­но, без тен­зии и бр­за­ње. Што се од­не­су­ва до тоа ко­ј по­ве­ќе знае за сво­ја­та тра­ди­ци­ја тоа, се­ка­ко, е ма­ке­дон­ски­от на­род и, на­ви­сти­на, тоа е не­што што мно­гу ми се до­па­ѓа ов­де. Ту­ка кој чо­век и да го срет­неш, вед­наш, во пет ми­ну­ти, ќе ти ка­же кои исто­ри­ски ме­ста да ги по­се­тиш, ко­ја тра­ди­ци­о­нал­на хра­на да ја про­баш, ка­де нај­у­ба­во ќе си по­ми­неш. До­де­ка кај нас тоа не е слу­чај. Не знае се­кој за тра­ди­ци­о­нал­ни­те ја­де­ње на Пол­ска или, пак, што е тоа што, на­ви­сти­на, тре­ба да го ви­ди­те, а е бе­лег на др­жа­ва­та. Вие на тој план сте мно­гу под­го­тве­ни.

Кое е Ва­ше­то мис­ле­ње, ка­ков е ма­ке­дон­ски­от на­род, знае ли да по­да­де ра­ка ко­га е по­треб­но?

Ме­не ми се слу­чи да ми по­мог­нат лу­ѓе ов­де без да оче­ку­ва­ат не­што за воз­врат. Но, ту­ка јас лич­но имам мал­ку по­и­на­кво мис­ле­ње од тоа што мно­гу че­сто знае да се слуш­не за лу­ѓе­то ов­де. Искре­но, ако во Ма­ке­до­ни­ја пре­сто­ју­ваш на по­кра­ток пер­и­од ќе би­деш пре­че­кан на­ви­сти­на уба­во и до­ма­ќи­ни­те ќе се по­тру­дат да го да­дат од се­бе сво­јот ма­кси­мум за да се чув­ству­ваш нај­у­доб­но. Но ко­га тре­ба да оста­неш на по­долг пер­и­од, то­гаш ра­бо­ти­те се ме­ну­ва­ат, ба­рем мо­е­то искус­тво бе­ше та­кво. Што не е не­што на што тре­ба да се за­бе­ле­жи, се­пак се­кој има свој жи­вот, но до­а­ѓаш до мо­мент ко­га тре­ба да се раз­мис­лу­ва ка­ко по­на­та­му, ка­ко се­га да се снај­де­ш сам ако са­каш да про­дол­жиш да жи­ве­еш во Ма­ке­до­ни­ја. Кај нас, на при­мер, е со­се­ма обрат­на си­ту­а­ци­ја, ние не сме тол­ку го­сто­прим­ли­ви на по­че­то­кот и ра­бо­ти­те ги при­ма­ме со ре­зер­ва, но ко­га ќе вос­по­ста­виш цвр­ста вр­ска со не­ко­го, то­гаш тоа оста­ну­ва трај­но при­ја­телс­тво.

Што е тоа што, ка­ко на чо­век што до­а­ѓа од дру­га зем­ја, Ви оста­ви нај­го­лем впе­ча­ток за жи­вот­ни­от стил ов­де?

За ме­не на по­че­то­кот бе­ше не­раз­бир­ли­во ка­ко лу­ѓе­то по­ми­ну­ва­ат тол­ку вре­ме во ка­фе-ба­ро­ви, но се­га тоа ве­ќе ми се до­па­ѓа. Ту­ка лу­ѓе­то го сла­ват вре­ме­то што го по­ми­ну­ва­ат за­ед­но. Или, на при­мер, ко­га се оди во ка­фе­а­на, тоа е тол­ку убав мо­мент. Ко­га се пла­ни­ра тоа тре­ба да си под­го­твен да не пла­ни­раш не­што по тој на­стан би­деј­ќи не се знае до ко­га ќе оста­неш. Хра­на­та, му­зи­ка­та… на­ви­сти­на е уба­во што лу­ѓе­то се се­ко­гаш ве­дри, јас ду­ри и пот­пев­ну­вам, иа­ко не ги знам пес­ни­те, се­пак ужи­вам во му­зи­ка­та и во ат­мо­сфе­ра­та. Кај нас во Пол­ска го не­ма тоа. Ко­га одиш во ре­сто­ран мис­лиш са­мо што ќе ја­деш и ту­ка сѐ за­вр­шу­ва. Спон­та­но­ста е тоа што, исто та­ка, мно­гу ми се до­па­ѓа во оваа зем­ја, а сме­там и де­ка тоа што има­те на­ви­сти­на уба­ва кли­ма ве пра­ви да би­де­те и по­ве­дри лу­ѓе.

Кол­ку има­те вре­ме да ја истра­жи­те Ма­ке­до­ни­ја?

За жал, не сум ја про­ше­тал Ма­ке­до­ни­ја тол­ку кол­ку што би са­кал. Но сум бил во Ве­лес, Штип, Би­то­ла, Охрид… Не­ма да сум прв што ќе го ка­же ова, но Охрид ми се до­па­ѓа мно­гу, ме по­тсе­ту­ва на пол­ско­то мо­ре. Да пли­ваш во чи­ста би­стра во­да и пред те­бе да гле­даш пла­ни­на со снег е, на­ви­сти­на, пре­крас­но до­жи­ву­ва­ње. Во Пол­ска за да си доз­во­лиш не­што та­кво тре­ба да па­ту­ваш со ки­ло­ме­три. Вие има­те мно­гу уба­ва при­ро­да, Ма­тка, Вод­но, Коз­јак се ме­ста со единс­тве­на при­каз­на. Не е по­треб­но да имаш про­фе­си­о­на­лен апа­рат за да ја до­ло­виш уба­ви­на­та што ти ја ну­ди при­ро­да­та во оваа зем­ја.

jaaak

Ви се до­па­ѓа ли ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­о­нал­на куј­на?

Пред не­кое вре­ме имав двај­ца при­ја­те­ли од странс­тво, јас се по­тру­див да им по­ну­дам сѐ што знам де­ка е ма­ке­дон­ски спе­ци­ја­ли­тет. Шоп­ска са­ла­та, ќе­ба­пи, си­ре­ње во фо­ли­ја, та­ра­тур, ај­вар, ам­фо­ра. Ми се до­па­ѓа што во Ма­ке­до­ни­ја хра­на­та е при­род­на. Тоа што ќе го ви­ди­те на Зе­лен па­зар, по­доц­на исто­то ќе го срет­не­те и во ре­сто­ран. Ра­ки­ја­та и бе­ло­то ви­но, исто та­ка, се од­лич­ни. Во­тка­та ов­де не е уба­ва, но за­тоа има­те мно­гу уба­во бе­ло ви­но. Мо­рам да наг­ла­сам, ту­ка е бла­го­дат да се жи­вее, има­те здра­ва хра­на, евти­на и, на­ви­сти­на, вкус­на.

jakk

Збо­ру­ва­те ма­ке­дон­ски ја­зик, бе­ше ли те­шко да се на­у­чи?

Ја­зи­кот го на­у­чив пре­ку ко­му­ни­ка­ци­ја­та со лу­ѓе­то. Иа­ко го учев и за вре­ме на мо­и­те сту­дии во Пол­ска. Го гле­дав­ме „Пред дож­дот“, „Бал­кан-кан“, ја слу­шав­ме Ка­ли­о­пи, То­ше Про­е­ски… Но ко­му­ни­ка­ци­ја­та, по­себ­но со де­ца­та што ги тре­ни­рав пред две го­ди­ни, мно­гу ми по­мог­на. Ко­га ќе згре­шев не­кој збор вед­наш ме ко­ри­ги­раа. Во те­а­та­рот ка­де што имам со­ра­бо­тка со мо­и­те ко­ле­ги на мно­гу ви­со­ко ни­во, учам, слу­шам ка­ко се збо­ру­ва и та­ка го на­у­чив ја­зи­кот. При­ја­те­ли­те нај­че­сто зна­ат да ме на­ре­чат и Ја­куб од Бе­ро­во би­деј­ќи ко­га не знам не­кој збор ка­ко точ­но се из­го­ва­ра на ма­ке­дон­ски ја­зик, ме пра­шу­ва­ат да­ли сум од Бе­ро­во би­деј­ќи по­ра­ди на­чи­нот на кој сум го ка­жал збо­рот ли­чел на бе­ров­ски­от, па за­тоа низ ше­га сѐ уште зна­ат да ми ка­жат де­ка мо­ра да го по­се­там овој град.

Jakkk

Кое е Ва­ше­то мис­ле­ње за ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, се по­чи­ту­ва ли Ва­ша­та ра­бо­та?

Мно­гу ми е ми­ло што на „Танц-фест“, кој за­вр­ши во април, а ме­не ми бе­ше пет­ти по ред, на­ви­сти­на, има­ше мно­гу пуб­ли­ка, ду­ри и лу­ѓе што дој­доа од дру­ги др­жа­ви. Но, се­пак, сме­там де­ка пуб­ли­ка­та тре­ба по­ве­ќе да го по­чи­ту­ва тоа што се при­ка­жу­ва пред неа. Те­ле­фо­ни­те и „Фејс­бук“ не се дел од те­а­та­рот и од прет­ста­ва­та. Во Пол­ска, на при­мер, е праз­ник ко­га си во те­а­тар, се вни­ма­ва на об­ле­ка­та, од­не­су­ва­ње­то, ед­но­став­но те­а­та­рот е ме­сто ка­де што тре­ба да се чув­ству­ва­те уба­во, важ­но.

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви, оста­ну­ва­те ли во Ма­ке­до­ни­ја?

Јас, на­ви­сти­на, ја за­са­кав Ма­ке­до­ни­ја и са­кам да оста­нам ов­де. Имам де­вој­ка, свој двор, ку­че, ра­бо­та, при­ја­те­ли. За­се­га сѐ се дви­жи кон тоа де­ка тре­ба да оста­нам ту­ка. Се­пак, ќе ви­ди­ме што ќе до­не­се те­кот на жи­во­тот.

jakkkkkk

Пишува: К.Н.К
(Текстот е објавен во 247 број на „Неделник Република“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top