| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ со постапка против Димитриевиќ, му се заканува суспензија од една година?!

Управниот одбор на МКФ е во постапка да поведе дисциплински мерки против Ненад Димитријевиќ кој е на списокот на селекторот Јорданчо Давитков зошто не сака да му се стави на располагање на подготовките. Причината е јасна: потребно е да се посвети на неговата клупска кариера.

Во член 24 од Правилникот за репрезентации пишува дека ако нашиот млад кошаркар направи прекршок, може да добие забрана за настап од најмногу една година во клубот за кој настапува, но и финансиска казна.

И понатаму продолжува во член 26 дека следно е генералниот секретар на матичната федерација да поднесе известување до канцеларијата на ФИБА и да се пристапи кон суспензија во клубот во кој настапува.

Димитријевиќ може да помине и со полесна казна односно само со суспендирање од еден месец, и со тоа ќе го пропушти почетокот во шпанската АЦБ-лига.

Инаку Димитријевиќ непрестано се јавуваше и настапуваше непрекинато во последните осум години за младинските селекции и тој вооедно претходно ја има информирано канцеларијата на МКФ дека му е потребен период за лични физички подготовки за наредната натпреварувачка сезона во АЦБ лигата.

Македонската кошаркарска федерација дополнително информира дека е испратено последно предупредување до кошаркарот и до клубот за кој настапува, Хувентуд и ако не се промени ситуацијата ќе има сигурна суспензија зошто една работа е сигурна, националниот дрес е света работа и ќе мора да се стави до знаење на сите сегашни и идни носители дека мора да се почитува националниот дрес на Македонија.

Исто така, други кошаркари во ваква ситуација биле Перо Антиќ, Предраг Самарџиски и Јелена Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top