МВР потврди дека во тек е дисциплинска постапка против полицаец кој во затворот во Шутка го фотографирал притвореникот Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност на МВР и осомничен за организација на собраниските насилства на 27-ми април.
Фотографијата на Чавков во Шутка беше објавена два дена по неговото апсење, додека Чавков се шета сам во дворот на истражниот затвор. Во постапката било откриено дека сликата со мобилен телефон ја направил полицаец, а не вработена во затворската чуварска служба, како што претходно се говореше.
Полицаецот бил дел од дополнителното обезбедување на затворот во Шутка кое подолг период е таму поради големиот број на притвореници осудени за Диво Насеље.
Откако полицаецот го фотографирал Чавков во кругот на Шутка ја препратил преку социјалните медиуми.
Полицаецот не е суспендиран додека трае постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.