| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс: Јас ќе имам бебе, ама не знам што да правам со него!

Серена Вилијамс, освојувачка на 23. гренд-слем титули, открива како реагирала кога дознала дека е трудна, потврдувајќи уште еднаш кога се враќа на тениските терени. Серена е во седмиот месец на бременоста и треба да се породи во август.

Помладата од сестрите Вилијамс бремена играше на „Австралија опен“, но дека е трудна дознала подоцна. Нејзе и биле потребни шест позитивни теста за бременост за да се увери дека ќе роди бебе.

– Мене ништо од тоа не ми делува реално, не знам ни самата зошто. Јас ќе имам бебе? Па јас не знам што ќе правам со бебето! Уште не сум почнала ни собата да ја средувам за бебето – изјави Серена за „Венити фер“, кој ја стави на својата насловна страница.

Таа за магазинот потврди дека ќе се врати на тенисот во следниот јануари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top