| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Вардар не е носител на листа

Вардар не е носител во ждрепката за новата сезона од Лигата на шампионите и покрај тоа што ја освои, македонскиот тим е сместен во вториот шешир, Металург од врвот ќе биде влечен во групите Ц и Д.

Веспрем заедно со Барселона се носители во ждрепката за Лигата на шампионите која ќе се одржи во петок во Љубљана.

Вардар нема да може да го добие Кјелце со кој заедно се во вториот шешир, тоа значи дека Алекс Душебаев нема да може да се врати во Скопје во престојната сезона, барем не во групната фаза.

Во послабите групи Ц и Д, Металург е во првиот шешир заедно со Адемар Леон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top