| четврток, 6 декември 2018 |

Бекер по банкротот и верува само на неа: Само јас и ти, заедно низ „сито и решето“

Познатиот поранешен тенисер, Борис Бекер минува низ тешки моменти откако тој неодамна прогласи банкрот. Германецот сега многу поретко од порано се огласува на социјалните мрежи, а неговите пријатели откриваат дека изгубил доверба во многумина кои влијаеле на неговиот финансиски крах.

Сепак Бекер утрово се огласил на социјалните мрежи, но само за да и честита роденденот на негвоата сопруга Лили Керсенберг, за која луѓето од неговото опкружување велат дека сега му е најголема поддршка и дека во овој тежок перидот, Бекер и верува само на неа.

– Среќен роденден љубов моја, јас и ти, заедно низ „сито и решето“, и порачал тој веројатно сакајќи да ја потенцира поддршката која ја добивал од неа и во добри, но и во тешките мигови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top