| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведуваат Коки и Росана

Музичарот Никола Јанков, кој се прослави како дел од дуото „Дуле и Коки“, се разведува од неговата сопруга по десет години брак, објави „1ТВ“, според чии извори бракоразводната постапка е во тек.

Популарниот музичар и неговата сопруга Росана, инаку портпарол во АМСМ, ја имаат ќерката Лара.

Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки по десет години му доаѓа крајот.

  • За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање –  изјави Росана за „Женски магазин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top