| четврток, 6 декември 2018 |

Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)

По завршувањето на Светското првенство и пречекот на „коцкестите“ сите се уверија дека Домагој Вида е голем љубител на забавите, а сега се докажа дека е и голем романтичар.

Имено сопругата на Вида на својот Инстаграм профил објавила видео во кое нејзиниот сопруг ни помалку, ни повеќе во четири часот наутро и донел тамбураши под прозор.

Таа доби прекрасна серенада, по што напиша:

-Не ова не е љубов, бидејќи љубовта е преслаб збор за нас. Само можам да се заблагодарам на Бог што те донесе на мојот пат и што си мојот ангел чувар од првата минута на нашето сретнување, напиша Ивана.
Инаку парот е во брак од минатата година, а го имаат и синот Давид кој ги освои сите симпатии за време на СП во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top