| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо има само 6 eвра на сметка

Роналдо де Асис Мореира се соочува со банкрот. Фудбалската легенда на Барселона и Милан е во финансиска криза и на неговата банкарска сметка се најдени само 6 еврапишуваат бразилските медиуми.

Во 2015 година, Роналдињо беше казнет со парична казна од 2,5 милиони долари за штети, нанесени на животната средина и кон природата. Поранешниот фудбалер изгради магацин и риболовна платформа на забрането место. Роналдињо (38) не ја плати казната што доведе да остане без пасош поради долгови.

Износот на банкарската сметка на фудбалската ѕвезда не го спречува Роналдињо да го живее раскошно својот живот. Во последниве неколку недели Бразилецот може да се види во Кина, Јапонија, Европа и Африка како работи на нови реклами. Омилениот бренд на обувки на Роналдињо, „Најк“, објави нова линија посветена на фудбалскиот гениј. Таа го носи името R10 и му гарантира на Роналдињо сериозна заработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top