Борис Бекер и неговата жена Лили соопштиле дека се разведуваат после 13 години кои ги поминале заедно во љубов, од кои девет во брак.
Поранешниот тенисер и убавата манекенка го имаат синот Амадеус, за кој и понатаму заедно ќе се грижат.
„Не беше лесно да се донесе оваа одлука. Најважната работа за двајцата клиенти е нивното заедничко дете“ – откри адвокатот на тенисерот кој го води овој случај.
Бекер холандската манекенката ја запозна во 2005 година во Мајами, а во брачните води влегоа четири години подоцна. Синот Амадеус го добија во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.