Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гдиња против Португалија ќе го одигра последниот натпревар од Б-групата на Европското првенство за играчи до 21 година.
Селекторот на Македонија Благоја Милевски очекува неговите избраници и на овој натпревар да прикажат борбена игра со максимално залагање.
– Очекувам да се бориме за секоја топка и да се обидеме ја искористиме секоја шанса. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа на натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство. Ритамот на натпревари физички исцрпува и поради тоа ќе има неколку замени во почетниот состав, изјави Благоја Милевски.
Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути. Во исто време во Бидгошч ќе играат Србија – Шпанија.
На табелата лидер е Шпанија со 6 бода, Португалија има 3, Србија и Македонија по 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.