Рајнхард Прибе, кој е во посета на земјава, одржа предавање пред учесниците во Школата за природно право во Охрид. Пред новинарите кусо одговори дека не е дојден во политичка мисија туку да се сретне и да поразговара со младите магистри и доктори по право и политички науки за демократските предизвици на земјата и функционирањето и вредностите на ЕУ.
–Немам конкретни пораки, ниту политички пораки, се надевам дека ќе имаме отворена дискусија со учесниците на школата. Од академска гледна точка ќе се обидам да објаснам што значи интеграцијата во Европската унија, да помогнам тоа подобро да биде сфатено и се надевам ќе имаме добра дискусија, изјави Прибе.
Во извештајот за Македонија Прибе има забелешки за состојбата во судството и правниот систем на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.