| четврток, 6 декември 2018 |

В понеделник доаѓа Хан, а во вторник Прибе

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан в понеделник ќе дојде во посета на Македонија и ќе учествува на седница на владата, најави Бујар Османи. Тој рече дека на Хан ќе му предложат нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети.

По Хан, во вторник во вторник во земјава доаѓа и Ранјхард Прибе, раководителот на комисијата која во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи што земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ.

Прибе доаѓа на конференција на МАНУ, а неговите суштински посети на земјава, на кои ќе разговара за приоритетите, ќе бидат во јули, рече Османи.

-Станува збор за одлична одлука на Хан да го вклучи и Прибе. Неговото име стана синоним за реформите, па и малите деца да ги прашате, го знаат неговото име. Тој може подобро да зборува за тоа што треба да се преземе, така што неговиот придонес за Македонија е од голема важности и ќе ни даде и нови насоки. Ова зборува дека работите се придвижуваат, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top