| четврток, 6 декември 2018 |

Прибе на средба со Османи и Димитров за Итните реформски приоритети

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Министерството за надворешни работи ќе имаат работен појадок со експертот на Европската унија Рајнхард Прибе, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што најави еврокомесарот Јоханес Хан за време на вчерашната посета на Скопје, Прибе доаѓа во Македонија со тим експерти со цел да помогне во спроведувањето на Итните реформски приоритети.

Во посета на Македонија од денеска е и делегација на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, предводена од директорката Џеновева Руиз Калавера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top