Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за реформи на новата македонска влада, како и да ја повтори поддршката на Европската унија за земјата да ги спроведе неопходните реформи за во иднина да стане членка на Унијата.
Предвидено е Хан да се сретне со владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на Европската унија предводена од еврокомесарот Хан.
Во меѓувреме, македонската Влада подготвува Акциски план со мерки и активности кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, што ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета на Скопје. Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)