| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров се сретна со Рајнхард Прибе

Членот на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска оствари средба со експертот на Европската унија Рајнхард Прибе.

Прибе претходно средбите ги започна од министерствата за надворешни и за внатрешни работи, за правда и за евроинтеграции.

„Само што почнавме со работа, ќе видиме понатаму што треба да биде направено“, изјави накратко Прибе по средбите.

Се очекува Прибе денес да ја заврши посетата и да си замине од Македонија. Најавено е дека по средбите ќе биде објавена информација за разговорите денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top