Боби Милевски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија У21 се реши за две измени во стартниот тим за денешниот дуел против Србија, во однос на премиерниот меч на ЕП против селекцијата на Шпанија.
Даниел Аврамовски ќе добие шанса за докажување во нападот на местото на Виктор Ангелов, а рокада ќе има и во одбраната, поточно на позицијта десен бек, каде Мурати ќе добие предност пред Бејтулаи.
Конкретно, Алексоски ќе биде на голот на Македонија и на оваа средба, пред него се Зајков, Велковски, Мурати и Демири, во средниот пред пак ќе се најдат Барди, Бабунски и Николов, додека во нападот задолжени за голови ќе бидат Кире Маркоски, Даниел Аврамовски и Марјан Радески.
На спротивната страна, Србија ќе настапи во состав: Милинковиќ – Савиќ, Гајиќ, Антонов, Вељковиќ, Јовановиќ, Плавшиќ, Максимовиќ, Грујиќ, Гачиновиќ, Живковиќ, Ѓурѓевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.