| четврток, 6 декември 2018 |

Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа

Шпанските медиуми денеска јавуваат трагична вест за смртта на двајца ракометари на Гранољерс, додека уште двајца се повредени во стравична сообраќајна несреќа што се случила во близината на Барселона.

Марти Гарсија (19) ракометар од јуниорскиот состав на Гранољер управувал со возилото Рено Меган што се судрило со камион. На предното седиште до него бил Хавиер Фуентес поранешен играч на Гранољерс, потоа член на Кановељс. Тие двајца смртно настрадале, а на задното седиште биле Пау Наваро, уште еден играч на Гранољерс кој се здобил со тешки телесни повреди и со хеликоптер бил пренесен во болница и Оскар Олер, поранешен играч на клубот кој минал со полесни повреди.

 

извор: g-sport.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top