Еден маж од Пенсилванија е побогат за 870 илјади долари, откако локланиот суд донел одлука дека неговиот уролог на операција му отстранил погрешен тестис.
Стивен Ханс 15 години имал болки во десниот тестис, кој бил двојно помал од неговиот лев тестис.
По консултациите со урологот во 2013 година му е отстранет болниот тестис. Но урологот, во извештајот напишал дека „по се судејќи му е отстранет левиот тестис“.
– Тој ќе мора да живее со болки до крајот на животот или пак ќе мора повторно да направи уште една операција. Ако го направи тоа, ќе мора до крајот на животот да биде на хормонска терапија – сугерирал урологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.