Македонскара одбојкарска репрезентација со победа од 3:0 го стартуваше првиот турнир од Европската лига, откако во СРЦ „Кале“ го совладаа Азербејџан со 25:19, 25:19, 25:20
Македонија сосема очекувано уште на стартот од првиот сет започна агресивно и со лесни поени направи солидна предност за на крај да го освои сетот со 25:19. Овој сет нашите одбојкари го земаа пред се на одличниот сервис, каде противникот имаше дури пет сервис грешки, наспроти нашите две.
Во вториот сет „црвено жолтите“ идентично започнаа и во текот на целиот сет ја имаа резултатската контрола од 45 поени, па заслужено го освои со 25:19. Во третиот сет избраниците на Драгутин Балтиќ, не отворија како што посакуваа па поради тоа предводникот на нашта селекција мораше да побара тајмаут при водство на противникот од 8:7.
По советите Македонија го превзема водството и на крајот го освои сетот со 25:20 , за убедлива победа од 3:0 над Азербејџан.
Претходно, репрезентацијата на Албанија ја совлада Шведска во пет сета со 15:25, 23:25, 25:23, 26:24, 15:9
Утре македонските одбојкари ќе го одиграат и вториот меч од првиот турнир против селекцијата на Албанија, меч кој ќе стартува во 19:30 часот со СРЦ „Кале“. Влезот за овој натпревар е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.