Шпанскиот репрезентативец Диего Коста е ‘топ тема’ во Англија, откако менаџерот на Челси, Антонио Конте, со СМС-порака го извести дека не му е потребен во тимот за следната сезона и може да си замине од „Стемфорд бриџ“ ова лето. Тој беше подготвен да се врати во Атлетико Мадрид, но излезе голем проблем откако ЦАС ја потврди забраната на клубот за нови трансфери во летниот преоден рок.
Антоан Гризман потпиша нов договор до 2022 година, а Диего Коста е подготвен дури и да почека до јануари, за да се врати во својот поранешен клуб. Тој најверојатно нема да биде прв избор на Конте, но има актуелен договор со Челси, и би останал во Лондон до зимскиот преоден рок, а потоа би се вратил во редовите на Атлетико Мадрид.
Напаѓачот имаше баснословни понуди од Кина, но и таму ќе се „скрати ќесето“, со оглед дека ќе се воведат многу построги даноци за ангажман на странски фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.