| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно полувреме ја дели Македонија од Европското првенство во Хрватска

Македонската ракометна репрезентација во овие моменти го игра петтиот меч од квалификациите за Европското првенство што догодина во јануари ќе се игра во Хрватска.

„Црвено-жолтиот“ состав предводени од селекорот Раул Гонзалес на гостувањето кај Украина има одлична предност од четири гола (14-18).

Во меч да се биде или не за Украинците, добро отворија и со два гола во низа дојдоа до предност од 3-1. Тоа не ги поколеба нашите ракометари кои со стрплива игра во нападот на агресивната одбрана на домаќините најпрвин дојде до узрамнување на 4-4, а подоцна со головите на Филип Талевски и капитенот Лазаров дојде и до предност.

Сепак Украинците со индивидуалните акции за Сaдови стигнаа до 12-10, кога го натераа Гонзалес да побара тајм-аут и да направи неколку измени.

Во тој период во игра влегоа голманот Даскаловски на местото на Ристовски и Филип Кузмановски како замена за Талески. Тоа вроди со плод и серија на нашите ракометари од шест голови во низа и предност од четири разлика, која успеаја да ја сочуваат до крајот на полувремето.

Во преиодот на големиот пресврт, Даскаловски набрзина нанижа неколку одбрани и ги откажа украинските бекови да бијат од каде сакаат, а во нападот беспрекорни беа, Талески, Лазаров, Манасков, Стоилов и Миркуловски.

По првите 30 минути Македонија има одличен резултат и со евентуална победа на госттински терен практично значи и пласман на првенството во Хрватска без разлика на исходот од последниот меч со Чешка во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top