Руската Федерална служба за безбедност – ФСБ, денес објавила снимка од три членови на екипажот од запленетите украински бродови.
На снимката сите тројца потврдиле дека ја нарушиле руската граница. Не може да се утврди дали на тоа биле принудени, но јасно е дека еден од нив читал од екран.
-Јас сум Драч Андреј, член на екипажот на бродот на Воената морнарица на Украина. На 23-ти ноември добив задача да пловам на маршрутата Одеса-Мариупољ преку Керчкиот премин. На тој пат до градот Мариупољ низ Керчкиот премин влеговме во територијалните води на Руската Федерација. Таму не пресретна поморската одбрана на Руската Федерација, поради тоа што нарушивме суверенитетот на Русија. Ни наредија да ги напуштиме нивните територијални води. Во текот на сопирањето, крајбрежната стража уште еднаш не предупреди дека мораме да ги напуштиме водите на Русија, да преминеме во неутрална зона и да го почекаме конечното решение за преминот низ Керчкиот премин до Мариупољ – рекол овој морнар, кој е еден од разузнавачите кои биле на бродот. Нагласиле дека е оператор од седмиот отсек на главната управа на воената контраразузнавачка служба за безбедност.
-Јас сум Сергеј Цибизов. Во петокот наутро испловивме од Одеса до градот Бердијански преку Керчкиот премин. Кога дојдовме до мореузот, влеговме во водите на Русија. Таму ни наредија да сопреме и да почекаме понатамошни наредби – објаснил тој.
Третиот морнар е Владимир Лесовој, и тој рекол дека е капетан по чин.
Како што пишуваат руските медиуми, тие на снимката потврдиле дека знаеле дека ја нарушиле руската граница, но дека имале такви наредби.
Руската крајбрежна стража во неделата запленила три украински воени бродови кои се обиделе да минат низ Керчкиот мореуз во Азовското море во близина на Крим.
Тој инцидент е прва отворена воена конфронтација меѓу Русија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина
-
Автомобил-бомба експлодираше во Киев: Еден загинат, меѓу повредените и украински пратеник (Видео)