Македонската ракометна репрезентација на 18 јуни со почеток од 20:45 часот во Аренаta „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Чешка. Продажбата на влезници за натпреварот почна денес од 12 часот.
Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
Македонската машка ракометна репрезентација последната фаза од Квалификациите за ЕП 2018 ја почнува во четврток со натпревар на гостински терен против Украина во Суми. Веднаш по завршувањето на таа средба, нашата репрезентација се враќа во Скопје за последниот меч против Чешка во недела од 20:45 во СЦ „Борис Трајковски“.
Групата во која се наоѓаат Македонија, Чешка, Исланд и Украина е засега најизедначената група во Квалификациите, со тоа што сите четири репрезентации имаат по 4 освоени бодови по првите 4 одиграни кола. Последните две кола ќе ги одредат двајцата патници на континенталниот собир во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.