| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалото бебенце во Македонија имало само 500 грама, а еве колку тежело најголемото

Најмалото живородено бебе во Македонија тежело само 500 грама, а било долго 28 сантиметри. На свет дошло оваа година на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од друга страна, најголемото дете што било родено живо во оваа установа имало 5 килограми и 700 грама.

Како што пишува „Сител“, ако недоносеноста е главен фактор за бебиња со помала тежина, надносеноста е една од причините за раѓањето поголеми деца.

-За мали бебиња, освен недоносеноста, причина се и нутритивни и циркулаторни фактори, кои дејствуваат преку постелката. Има застој во растот, може и генетски да биде. Тоа се три главни фактори. Мора да се нагласи дека мало бебе породено со мала гестациска недела и недоносено се различни – изјави д-р Владимир Трајковски, гинеколог.

Според податоците од Државниот завод за статистика минатата година во Македонија биле родени вкупно 23.199 деца.

Од нив 197 биле мртвородени бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top