| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Трајковски: Кој и да добие шанса да игра сигурен сум дека ќе го даде максимумот

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Шпанија на 11. Јуни на Националната арена во Скопје.

Репрезентативецот Александар Трајковски вели дека сите од составот на Игор Ангеловски ќе бидат максимално подготвени за дуелот против големиот фаворит.

– Имаме доволно време за подготовка пред квалификацискиот натпревар против Шпанија, одигравме и одличен меч со Турција, но тоа е зад нас. Подготвени сме, а одлука на селекторот е кој ќе го започне натпреварот. Сигурно е дека кој и да добие шанса ќе го даде својот максимум. Шпанија е фаворит, сигурно една од најдобрите светски репрезентации, но мораме да се потрудиме некои работи во играта да зависат и од нас. Во денешниот фудбал е многу тешко да се прогнозираат работите, бидејќи сите играат фудбал. Ќе се потрудиме да бидеме на највисоко ниво, а дали тоа ќе биде доволно за поволен резултат ќе видиме в недела – изјави Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top