Ракометарите на Вардар се нови европски шампиони-ова не е сон ова денес е реалност. Нашите ракометари го совладаа ПСЖ. Победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ на само две секунди до крајот на мечот, но сепак ракометарите до шампионската титула не стигнаа сами, еден од најзаслужните е нивниот тренер Раул Гонзалес. Раул Гонзалес важи за спортска икона, не само кај нас туку и во светски рамки. Скоро две години е на кормилото на најтрофејниот ракометен клуб Вардар кој заедно со него ги забележа своите најголеми успеси досега. Шпанецот, кого играчите го нарекуваат и ел команданте, по природа е тивок, трпелив и неизбувлив.
Таков е и како татко. Сопругата Ана и ќерките Сузана и Ана веќе година и пол живеат со него во Скопје, а животот овде многу им се допаѓа затоа што, како што велат, се чувствуваат исто како дома. Неговата сопруга Ана, иако по професија е медицинско лице, во моментов не работи и токму таа е задолжена за воспитување и чување на ќерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.