Селекторот на репрезенатцијата на Мексико, Хуан Карлос Осорио (56) на Мундијалот во Русија не се занимавал само со фудбалскиот тим, туку и со односите меѓу жените во неговиот живот.
Имено на натпреворот против Бразил на стадионот била неговата сопруга, но и љубовницата.
Поранешниот фудбалер и тренер ги повел своите две поубави половини на натпреварот во кој неговата репрезентација беше поразена во меч во осмина финалето. Оженетиот татко на две деца веќе две години има љубовна афера со спртската новинарака Маријана Закаријас (30), пишуваат тамошните медиуми.
Додека неговата сопруга со децата го гледала натпреварот, љубовницата позирала на трибините од каде објавила фотографија на социјалните мрежи. Згодната бринета била во зелена маица на Мескико, шорц и чорапи до колена.
-Секогаш зборуваше дека се се држи под контрола, дека може и со љубовницата и со жената и со тимот, но откако е со оваа девојка стана деконцентриран-рекол извор близок на тренерот.
Исто така навел дела неговтаа сопруга знае за љубовницата, но дека се однесува како тоа да не и е важно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.