Ракометарите на „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија по слетувањето на аеродромот „Александар Велики“ се упатија кон Скопје по булеварот „Александар Македонски“ до хотелот „Континентал“, потоа кон булеварот Гоце Делчев, па се до порта „Македонија“.
На официјалната страна на клубот споделија фотографија и порачаа: Скопје слави, Македонија слави! Доаѓаме на плоштад“
Во 13 часот се очекува ракометарите да пристигнат на плоштадот „Македонија“. По повод освојувањето на европската клупска шампионска титула на рк „Вардар“ ЈСП „Скопје“ организира бесплатен автобуски превоз за пречек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“. Автобуси кон аеродромот „Александар Велики“ ќе тргнат од Ѓорче Петров, Кисела вода и Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.