| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски: Радувај се Македонијо, имаш европски шампион!

Македонскиот репрезентативен голман член на Барселона, Борко Ристовски не го заборава старото јато и со искрени зборови ја честиташе титулата на Вардар, тимот кој го елиминира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

– Бевме противници на теренот, но од моментот кога Вардар го доби тој натпревар беше јасно дека моето срце ќе биде со нив во финалето. Честитки до целиот клуб и играчите за историскиот успех!!!! Радувај се Македонијо имаш европски првак!!! – напиша Борко Ристовски на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top