| четврток, 6 декември 2018 |

Жоан Кањелас: Оваа титула е најслатка затоа што фаворитите не играат на теренот!

Жоан Кањелас со Вардар ја освои првата титула во Лигата на шампионите, во шестиот настап на Ф4-турнирите. Шпанецот не можеше да ја опише радоста по победата над ПСЖ и вели дека трофејот во елитата за Вардар е кристално чист!

– Фаворитите не играат на теренот, тоа е само фраза за на хартија пред мечот. Ние одлично ги подготвивме двата натпревари и двата ги добивме, а не ни се даваа никакви шанси. Затоа е спортот убав и затоа конечно има правда. Тука бев со големи екипи, но не се радував како денес со Вардар. Оваа екипа има хемија и мислам дека нема позаслужена титула од нашата – изјави Каталонецот во прегратката на неговиот мал син.

Кањелас претходно двапати загуби финале и трипати полуфинале на Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top