| четврток, 6 декември 2018 |

Убавините на Македонија во унгарскиот магазин „Експлорер“

Главна тема во последниот број на унгарскиот магазин за туризам и патувања „Експлорер“ (Explorer World Travel) е Македонија, нејзиното културно-историско наследство и потенцијали во туризмот. Под наслов „Македонија, лулка на цивилизацијата“ на осум страници во магазинот се претставени најголемите туристички атракции во државата.

Темата е резултат на посетата на уредникот на магазинот на Македонија, иницирана од македонската амбасада во Унгарија, а со финансиска и логистичка поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ.

Магазинот „Експлорер“ има над 12.000 претплатници во Унгарија и неговата веб-страница е една од најпосетуваните во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top