Во приватната градинка „Весељко“ во Ваљево било буквално искасано 3- годишното момче В.Џ. Родителите тврдат дека нивното дете е искасано во собата за време на попладневниот одмор, каде немало воспитувачка.
Кај момчето лекарите констатираа каснувања и изгребаници дури на 11 места, а родителите поради тоа најавија тужба против градинката.
Мајката на искасаното момче Суничица Џорџевиќ вели дека била шокирана кога дошле по детето и на него виделе бројни модрици. Воспитувачките и рекле дека кај детето се појавила алергија на лицето, и дека поради тоа му биле ладни образите.
-Модриците јасно укажувале на тоа дека не е во прашање алергија, туку нешто друго. Детето веднаш го однесов во Ургентен центар, каде лекарите и констатираа повреди на 11 места на образите, челото носот, увото рацете. Поради видливите траги на забите, примил тетанус. Детето ми каа дека петгодишно момче го искасало додека спиеле во собата, во која била заклучена, и во која немало воспитувачи, вели мајката на детенцето.
Родителите тврдат дека сопственичката на приватната градинка и понудила парична нагодба за да се откажат од тужбите, но тоа не било прифатливо за нив, затоа што сметаат дека нивното дете било занемарено за време на престојот во градинката. Поради тоа се одлучиле да правдата ја бараат на судот.
Од друга страна, воспитувачката и сопственичка на градинката „Весељко“, Смиља Ралетиќ, тврди дека момчето не е каснато за време на попладневниот одмор, туку дека до повреда дошло откако дечињата се раскарале за време на една игра околу еден камион.
За целиот случај, по службена должност, известена е и тамошната полиција. Слични инциденти во претходните години, во повеќе наврати, забележани се и во државните градинки во Ваљево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.