Македонската женска кошаркарска репрезентација се реактивира по три години и ќе се бори за пласман на едно Европско првенство (ЕП), а интересно е што за првпат во историјата дресот на нашата репрезентација ќе го носат две кошаркарки кои ќе играат во Евролигата.
Тоа се Криси Гивенс и Јелена Антиќ, кои ќе настапуваат во најквалитетната европска кошаркарска лига. Антиќ преку Лулеа обезбеди трансфер за наредната сезона во полска Висла Краков, додека Гивенс е член на шпанска Авенида која оваа сезона играше во четвртфиналето од Евролигата.
Македонија го имаше првиот собир под водство на новиот селектор Марјан Лазовски, а првиот тест за репрезентацијата ќе биде пријателскиот турнир во Скопје, против Јапонија, БиХ и Бугарија на почетокот на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.