На барање на двата финалисти, женското фудбалско Куп-финале, кое е закажано за на 31 мај наместо во Велес ќе се одигра во Струмица.
За трофејот во овој финален натпревар ќе се борат Тиверија Струмица и СЦ Истатов од Дојран, а денес управниот одбор на ФФМ одлучи да го прифати нивното барање и натпреварот да го премести во Струмица, каде се очекува вистински спектакл и полни трибини.
За потсетување, вчера на стадионот „Младост“ се одигра и машкото финале на Купот, а победник е битолски Пелистер, откако по пеналите ја совлада Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.