| четврток, 6 декември 2018 |

Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени

На 106. редовна седница на Владата беа разгледани заклучоците на Собранието, донесени на седницата по повод утврдувањето на нацртот на уставните амандмани 33, 34, 35 и 36.

Како што информираат од владината прес-служба, на седницата е утврдено дека, согласно со постапката за уставни измени, Владата има обврска да организира јавна расправа во рок од 5 дена и забелешките, сугестиите и предлозите по нацрт-амандманите на Уставот, на граѓните, политичките партии, здруженија на граѓани, органи и организации, како и на другите учесници во расправата, два дена по јавната расправа, да ги сумира и на Собранието да му достави извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амандманите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top