| четврток, 6 декември 2018 |

Го задржав бебето да не падне на земја: Ѕвездан сам ја породил својата жена во болничкиот ходник

bebe

Несекојдневен настан се случил во болницата „Д-р Алекса Савиќ“ во Србија кога таткото Ѕвездан Ристиќ (46) морал сам да ја породи својата сопруга во болничкиот ходник, неколку минути пред да дојде докторот.

– Во исчекување на породувањето, сè почна во раните утрински часови кога жена ми почна да крвави. Се качивме в автомобил и тргнавме кон болница, а по пат таа се жалеше дека чувствува сè поголеми болки, а и крвавењето ѝ се засили. Во тие моменти многу се уплашив дека, можеби, нешто не е во ред се бебето. Кога стигнавме на болничкиот паркинг, таа не можеше ни да оди. Нѐ виде една медицинска сестра од влезот и тргна да повика помош – раскажува Ристиќ.

– Веднаш влеговме во болницата, но лифтот што требаше да нѐ однесе до одделот за гинекологија беше заклучен. Во тие моменти додека чекавме некој да дојде забележавме дека веќе главата на детето почнува да излегува, па инстиктивно ја наместив сопругата на столчињата. Многу брзо, за само неколку секунди, како само да излезе, а јас го задржав да не падне на подот. Неговиот силен плач малку ме уплаши дека нешто не е во ред – вели таткото Ѕвездан.

zvezdan

 

Тој раскажал дека кратко откако неговата сопруга се породила пристигнал доктор и медицинска сестра од горниот кат, по што го земале бебето и ги преместиле во одделението за гинеколологија за на крај сѐ да заврши како што треба.

Малата Калина, која била нестрплива да излезе, на свет дошла со 2,6 килограми и 54 сантиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top