| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман: Сакам да играм покрај најдобрата деветка во светот

grizman i simeone

Антоан Гризман без конкуренција е најдобар играч на Атлетико Мадрид и главна ѕвезда во составот на Диего Симеоне, тренер кој пред извесно време посочи дека е подготвен да остане уште извесно време на „Висенте Калдерон“ доколку управата на клубот си стои до ветеното и му ги исполни неговите посакувани трансфер желби.

Пред два дена на големо осамна информацијата дека Александер Лаказет од Лион може да биде првото големо летно засилување на Атлетико Мадрид за наредната натпреварувачка сезона, но додека се чека на официјална потврда од двете страни, со навистина интересна изјава во јавноста излезе Гризман околу најдобриот голгетер во светот.

Првата ѕвезда на Атлетико го посочи Единсон Кавани како најдобра деветка во светот на фудбалот и токму Уругваецот го именуваше како идеално засилување за Чоло Симеоне и Атлетико Мадрид.

– Деветката во нашиот тим мора многу добро да се движи, а тоа понекогаш е навистина комплицирано. Мора да бидете брз, да ја пратите играта и да бидете добар и со глава и со нога. Мислам дека сите мора да се подобриме од актуелниот ростер на напаѓачи. Мојата омилена деветка во светот е Кавани. Тој ме воодушевува, би бил идеален за нашиот стил на игра. Тој е Угугваец, а познато е дека Уругвајците одат без размислување на секоја топка. Кавани би бил мега засилување за Атлетико – потенцира Гризман во изјавата за „Ел Ларгуеро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top