Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман повторно изјави дека е среќен во Атлетико М., но не исклучува какви било опции за иднината.
– Иако не освојуваме трофеи, тука располагам со сè што ми треба за да се чувствувам добро. Тоа не значи дека еден ден нема да си заминам. Се зависи од многу фактори. Немам ништо против Англија, освен лошото време. Манчестер Јунајтед е опција за мене, рече Гризман.
– Честопати морам да повторувам дека сум многу среќен во Атлетико, имам прекрасен тренер и одлични соиграчи. Сепак, често ме прашуваат за мојата иднина. Не можам да отфрлам ништо, додаде Французинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.